
Денес има многу начини да го загреете домот. Дали сте запознаени со разликите и со предностите на секој систем?
Се сеќавате ли на времето кога радијаторите беа единствениот начин за греење на домовите? Меѓутоа, со развојот на технологијата и на системите, денес има голем број нови можности за удобно зимско греење коешто обезбедува оптимален комфор во домот.
Секој систем за греење има свои технички карактеристики и предности, но сите ветуваат заштеда на енергија, што значи помали сметки за греење.
За новите згради, но и за реновирање на постојните, системите за подно греење стануваат сѐ попопуларен избор и одржлива алтернатива на традиционалните радијатори. Но, како функционираат овие системи и кои се нивните главни предности? За разлика од радијаторите, кои зафаќаат простор во домот, системот за греење со зрачење е речиси незабележлив.
Овој систем користи калеми поставени под подот, низ кои обично тече вода на температура меѓу 30 и 40 °C. Кога подот се загрева, топлината се шири внатре во просторијата, овозможувајќи извонредна удобност во домот. Ова решение може да се приспособи за ѕидни или за тавански системи и нуди сигурност и издржливост. Заштедата на енергија се овозможува и со работа со пониска температура (за разлика од радијаторите, за кои е потребна температура над 60 °C за да работат правилно).
Овие заштеди значително се зголемуваат ако овој систем се комбинира со топлинска пумпа, која користи бесплатна обновлива енергија (надворешен воздух, подземна вода или подземна топлина). Овие заштеди никогаш не би можеле да ги постигнете со кондензациски бојлер што користи фосилни горива.
Што точно се вентилоконвектори? Дали се слични на радијаторите или работат повеќе како грејачи со зрачење? Вентилоконвекторите изгледаат како класични радијатори бидејќи имаат терминал што може да се постави на ѕидот или на подот. Тие се разликуваат од радијаторите во два главни аспекта: вентилоконвекторите испуштаат воздух директно во околината и можат да се користат не само за греење, туку и за ладење.
Начинот на кој работат е многу едноставен. Вентилоконвекторите најпрво го всисуваат воздухот од просторијата со помош на вентилатор, а потоа го доведуваат до саканата температура со помош на разменувач на топлина поврзан со кондензациски бојлер или со топлинска пумпа. Откако воздухот ќе се загрее или олади, може да се дистрибуира повторно во различни простории во куќата.
Се разбира, како и секое решение за климатизација, вентилоконвекторите имаат свои предности и недостатоци. Една од главните предности е малата потрошувачка при работа, слична на системот на греење со зрачење топлина. Во режимот на греење, всушност, доволна е температура на проток од 45 до 50 °C во споредба со температурата од 60 до 70 °C кај радијаторите, што им овозможува на вентилоконвекторите да работат совршено со топлински генератори на ниски температури (топлински пумпи) и со соларни термални системи. Друга предност е едноставното користење на поновите модели коишто имаат бројни програми за вентилација и тајмери за регулирање на времето.
Што се однесува до удобноста што доаѓа од рамномерната температура низ целиот дом, тоа може да се постигне едноставно со избирање на производот што најмногу одговара на вашите потреби. На пример, во многу голема просторија се препорачува да се инсталира вентилоконвектор во центарот на таванот, додека во помалите простории може да биде посоодветна ѕидна инсталација.
Главниот недостаток на вентилоконвекторите е високиот трошок за инсталирање, но тоа се надоместува со намалување на потрошувачката за околу 30 насто во споредба со радијаторите. Има и други фактори, како што се бучавата, прашината и потрошувачката на електрична енергија.
Можеби се прашувате: што точно е топлинска пумпа?
Топлинската пумпа не е замена за вентилоконвекторите или за системите за греење и ладење со зрачење, туку е клучен уред што им овозможува да работат. Таа е генератор што значително се разликува од класичните котли. Главната разлика лежи во фактот што топлинската пумпа може да работи ефикасно при ниски температури, па затоа не се препорачува да се користи во комбинација со традиционалните радијатори. Уште поважно, топлинските пумпи користат обновливи извори на енергија за работа.
Сите знаеме дека вентилоконвекторите веќе овозможуваат значителни заштеди во трошоците за греење кога се комбинираат со котли што работат на фосилни горива, како што е гасот. Но, кога ќе внесете топлинска пумпа во системот, ќе имате уште поголеми придобивки.
Clivet нуди различни видови топлински пумпи што се совршени за комбинирање со вентилоконвекторите, но и со други системи, како што се подни, ѕидни и тавански системи за греење со зрачење топлина.
Достапни се две главни решенија, приспособени според индивидуалните потреби на сопствениците на куќите, станбените згради, деловните и индустриските објекти:
Топлинските пумпи од компанијата Clivet претставуваат идеално решение за сите потреби за греење и ладење, што доведува до заштеда и удобност во домот или во деловниот простор.
Ладење A+++ / Греење A++
Снага: 2,7 – 7 kW
Дизајниран за животната средина и иднината
Користи R290, природен работен медиум за оптимална удобност и ускладеност со европските прописи
Функција за самочистење
Wi-Fi
Ладење A+++ / Греење A++
Снага: 2.7 – 3.5 kW
Зошто да изберете Cristallo 2?
Подобрени компоненти
Дизајн инспириран од Доломитите
Повеќенасочен проток на воздух
Функција за самочистење
WiFi / Паметна контрола преку апликација или гласовна контрола со помош на Amazon Alexa или Google Assistant
Ладење A++ / Греење A+
Снага: 2,7 – 7 kW
Функција "Следи ме"
Повеќенасочен проток на воздух
Функција за самочистење
Опционално Wi-Fi управување
Ладење A++/Греење A+
Моќност: 2,7 – 7 kW
Функција „Следи ме“
Функција на самостојно чистење
Опционално управување со Wi-Fi
Ладење A++/Греење A+
Моќност: 2,7 – 7 kW
Чист, заоблен и елегантен дизајн
Повеќенасочно струење на воздухот
Функција на самостојно чистење
WiFi/Паметна контрола преку апликација или гласовна контрола со помош на Amazon Alexa или Google Assistant
Ладење A+++/Греење A++
Моќност: 2,7 – 3,5 kW
Исклучително широка дистрибуција на воздухот благодарение на моторизираната ротација на ламелите за 180°
„Каскадна функција“ за брзо ладење на просторијата
Функција „Breeze away“, која ви овозможува да го насочите протокот на воздух за време на загревање или ладење, според ваш избор
Филтер за прочистување: активен против мириси, прашина, полен, спори, бактерии
WiFi/Паметна контрола преку апликација или гласовна контрола со помош на Amazon Alexa или Google Assistant
Ладење A+++/Греење A+++
Моќност: 2,7 – 3,5 kW
Многу високо ниво на енергетска ефикасност
Екстремно продолжен работен опсег на надворешни температури од –30 до +50 °C
Управување со степенот на влажност
Удобност во секоја ситуација благодарение на интелигентниот сензор „Eye“
WiFi/Паметна контрола преку апликација или гласовна контрола со помош на Amazon Alexa или Google Assistant