
Не е лесно да се избере вистинскиот клима-уред: еве неколку совети што ќе ви помогнат да ја донесете вистинската одлука, земајќи ги предвид површината на вашите простории и други важни карактеристики.
Купувањето клима-уред може да биде предизвик. При изборот, важно е да се земат предвид многу фактори, како што се големината на собите, изложеноста на сончева светлина, бројот на прозорци и можноста за поставување надворешни единици на балконите. Исто така, ако живеете во стан, мора да ги земете предвид ограничувањата поврзани со поставувањето на уредот.
Првото нешто што треба да го земете предвид е површината на собите за кои ви е потребна климатизација. Не работат сите климатизери на ист начин и не се сите подеднакво погодни за секоја средина. Целта е да изберете клима-уред што ќе ви овозможи максимална удобност, а истовремено ќе заштеди енергија и ќе ги намали трошоците за електрична енергија.
За да го изберете полесно вистинскиот клима-уред за домот, важно е да го разберете основниот термин – британска топлинска единица или BTU (British Thermal Unit). Оваа мерна единица помага да се одреди моќноста на клима-уредот и неговиот капацитет за ладење. На пример, за помали простории од 10 до 15 квадратни метри, доволно е 7000 BTU/h за да се постигне оптимална температура. Меѓутоа, поголемите соби, од 40 до 50 квадратни метри, бараат значително повеќе BTU/h (15.000 или повеќе) за да овозможат ефективна климатизација.
При изборот на клима-уред, важно е да ја разберете разликата меѓу системите MONOSplit и MULTIsplit, бидејќи тоа ќе ви помогне да ја изберете најсоодветната опција. Клима-уредите MONOSplit имаат една внатрешна единица што е поврзана со соодветна надворешна единица. Од друга страна, климатизерите MULTIsplit доаѓаат со неколку внатрешни единици што се поврзуваат и ја споделуваат работата на една надворешна единица. Во зависност од бројот на внатрешните единици, можни се различни варијанти, како што се dual split, trial split, quad split и слични конфигурации.
Но, зошто треба да размислите да изберете еден од овие системи? Одлуката за избор на уред за климатизација на системите MULTISplit може да се базира врз првични заштеди, бидејќи трошоците за инсталација обично се помали, и за материјал и за работна сила. Инсталацијата на една надворешна единица значително се разликува од инсталацијата на неколку поединечни единици. Исто така, треба да се земе предвид и естетскиот аспект, бидејќи една надворешна единица е помалку впечатлива од неколку единици поставени еднадодруга.
Во однос на заштедата на енергија, MULTISplit-системите трошат помалку електрична енергија од MONOSplit (со ист број внатрешни единици), што овозможува пониски сметки за електрична енергија. Се разбира, важно е да се следат прецизни упатства и правилно да се димензионира системот според реалните потреби за ладење.
Кога станува збор за избор меѓу климатизерите MONOSplit и MULTIsplit, важно е да разберете како секој систем влијае врз вашата удобност и безбедност. Системите MONOSplit нудат очигледна предност во однос на сигурноста. Имено, во случај на дефект на надворешната единица или при потреба од рутинско одржување, тоа нема да влијае врз работата на сите внатрешни сплит-единици поврзани со неа. Ова значи дека собите ќе продолжат да бидат удобно климатизирани дури и ако има проблем со еден дел од системот.
Од друга страна, климатизерите MULTIsplit се изложени на ризик при дефект на надворешната единица или при рутинско одржување да се оневозможи работата на сите внатрешни единици поврзани со таа надворешна единица. Ова може да предизвика ненадеен прекин на климатизацијата во просторот и со потенцијално непријатни ситуации.
Затоа, ако имате доволно надворешен простор за да инсталирате неколку надворешни единици, технологијата MONOSplit може да биде одличен избор и за домовите и за помалите бизниси. Обезбедува сигурност и континуирана климатизација на просторот без ризик од ненадејни прекини.
Кога размислувате за MULTIsplit-систем за климатизација, важно е да разберете како тој може да обезбеди повеќекратни придобивки поради можноста за поврзување на повеќе внатрешни единици со една надворешна единица. Сепак, изборот на вистинскиот систем и неговата големина за потребите стануваат клучни фактори за постигнување најдобри резултати.
Една од главните предности на системот MULTIsplit е можноста за истовремена климатизација на различни простории, секоја со различни потреби за ладење. Сепак, важно е да знаете како да го изберете вистинскиот систем за големината на собите што сакате да ги климатизирате. Внатрешните единици работат истовремено и со различни капацитети, па затоа е од суштинско значење да се провери дали системот е со соодветна големина за да се постигне оптимална ефикасност.
Ви препорачуваме да контактирате со експерти во индустријата, идеално компании со докажано искуство, за избор и монтажа на клима-уреди. Тие ќе ви помогнат да го пронајдете вистинскиот систем и да овозможите професионална инсталација за да можете да уживате во најдобриот можен клима-уред во домот или просторот.
Повеќе од 30 години, Clivet се грижи за удобноста и благосостојбата, како и за заштита на животната средина. Клима-уредите од Clivet даваат решенија што го прават домот или просторот поефикасен и поудобен.
Во понудата има MONO и MULTIsplit клима-уреди со висока ефикасност, со енергетска класа од А+ до А+++. Благодарение на иновативната инвертор-технологија и паметните електронски контроли, уредите од Clivet правилно ја користат енергијата само кога е навистина потребна, со што се заштедува енергија и се намалуваат трошоците.
Уште поважно, сите климатизери Clivet се еколошки. Тие користат гас за ладење R-32 со низок индекс на GWP, што значи дека значително ги намалуваат емисиите на CO2 во споредба со другите климатизери коишто користат различни гасови за ладење.
Со овој тип клима-уред не само што ќе уживате во удобната температура во домот или просторот, туку ќе придонесете и за заштита на животната средина.
Ладење A+++ / Греење A++
Снага: 2,7 – 7 kW
Дизајниран за животната средина и иднината
Користи R290, природен работен медиум за оптимална удобност и ускладеност со европските прописи
Функција за самочистење
Wi-Fi
Ладење A+++ / Греење A++
Снага: 2.7 – 3.5 kW
Зошто да изберете Cristallo 2?
Подобрени компоненти
Дизајн инспириран од Доломитите
Повеќенасочен проток на воздух
Функција за самочистење
WiFi / Паметна контрола преку апликација или гласовна контрола со помош на Amazon Alexa или Google Assistant
Ладење A++ / Греење A+
Снага: 2,7 – 7 kW
Функција "Следи ме"
Повеќенасочен проток на воздух
Функција за самочистење
Опционално Wi-Fi управување
Ладење A++/Греење A+
Моќност: 2,7 – 7 kW
Функција „Следи ме“
Функција на самостојно чистење
Опционално управување со Wi-Fi
Ладење A++/Греење A+
Моќност: 2,7 – 7 kW
Чист, заоблен и елегантен дизајн
Повеќенасочно струење на воздухот
Функција на самостојно чистење
WiFi/Паметна контрола преку апликација или гласовна контрола со помош на Amazon Alexa или Google Assistant
Ладење A+++/Греење A++
Моќност: 2,7 – 3,5 kW
Исклучително широка дистрибуција на воздухот благодарение на моторизираната ротација на ламелите за 180°
„Каскадна функција“ за брзо ладење на просторијата
Функција „Breeze away“, која ви овозможува да го насочите протокот на воздух за време на загревање или ладење, според ваш избор
Филтер за прочистување: активен против мириси, прашина, полен, спори, бактерии
WiFi/Паметна контрола преку апликација или гласовна контрола со помош на Amazon Alexa или Google Assistant
Ладење A+++/Греење A+++
Моќност: 2,7 – 3,5 kW
Многу високо ниво на енергетска ефикасност
Екстремно продолжен работен опсег на надворешни температури од –30 до +50 °C
Управување со степенот на влажност
Удобност во секоја ситуација благодарение на интелигентниот сензор „Eye“
WiFi/Паметна контрола преку апликација или гласовна контрола со помош на Amazon Alexa или Google Assistant