
Без оглед на тоа дали се работи за хемиски, физички или за биолошки фактори, загадувањето на воздухот во внатрешните простории може сериозно да го загрози здравјето на луѓето.
За да се одржи квалитетот на воздухот под контрола, како никогаш досега се потребни алтернативни решенија како механичка вентилација.
Загадувачки супстанции | Чад од тутун, азотен моноксид и диоксид, јаглерод моноксид, влакна од домашни миленичиња, грини, мувла, хемиски, физички и биолошки фактори. |
Хемиски агенси | Неоргански гасови, пасивен чад, процеси на согорување при готвење и греење, материјали за градба и опремување, производи за чистење и одржување, работни алатки и производи за домашна употреба. |
Биолошки агенс | Микроорганизми (габи, вируси, бактерии), алергени во затворен простор (грини, мувла), полен. |
Физички агенси | Електромагнетни полиња (ЕМФ), бучава. |
Решение | Контролираната механичка вентилација овозможува континуирана размена на воздух и ја намалува концентрацијата на загадувачките супстанции. |
Присуство на чад од тутун во животната средина, азотен моноксид и азотен диоксид, како и јаглерод моноксид, влакна од домашни миленичиња, грини и мувла. Воздухот што го вдишуваме секојдневно во домовите, во канцелариите или во други затворени простории е полн со загадувачи.
Со оглед на фактот дека повеќето луѓе поминуваат 90 насто од времето во затворени простории, апсолутно е неопходно правилно обновување на воздухот. Не изненадува што Istituto Superiore di Sanità (Италијански национален институт за здравје) го дефинира загадувањето на воздухот во отворен и во затворен простор како водечки фактор на ризик за јавното здравје.
Главните супстанции коишто можат да влијаат врз квалитетот на воздухот во затворените простории се генерално класифицирани како хемиски, физички и биолошки фактори. Тие можат да доаѓаат не само од надворешни извори, како што е загадувањето на надворешниот воздух или поленот, туку и од внатрешни извори. Тука спаѓаат луѓе и животни коишто живеат во одредена средина, прашината којашто е идеално живеалиште за ширење на микроорганизми, како и градежните материјали, мебелот и други системи.
Во домашната средина често се наоѓаат хемиски фактори во форма на неоргански гасови. На пример, пасивното пушење придонесува за загадување на воздухот во затворените простории: всушност, согорувањето на тутунот создава повеќе од 4.000 хемиски супстанции коишто се исклучително токсични, па дури и канцерогени.
Друг пример се процесите на согорување што се јавуваат при готвењето и загревањето на храната, а тоа доведува до повисоки концентрации на азот моноксид и азот диоксид (NO и NO2), јаглерод диоксид (CO2) и јаглерод моноксид (CO).
Значителна количина на загадувачи може да се испушта и од градежните материјали, материјалите од мебелот и од производите за чистење и одржување. Ова може да важи и за одредени алатки за работа, како на пример печатачи, фотокопири и производи за домаќинството, како што се лепила.
Биолошките опасности се поврзани со присуството на микроорганизми во воздухот, како што се габи, вируси и бактерии, и присуство на алергени во затворени простории, како што се грини и мувла.
Првите можат да пренесат бројни заразни болести, како што се грип, варичела, морбили, пневмонија и легионелоза. Во вториот тип, односно алергени, спаѓаат грини, првут од домашни миленици, дрвеници и габи.
Одредени видови габи, како што е Alternaria alternata, исто така, можат да предизвикаат мувла на гнило овошје и зеленчук, но и во многу влажни средини, што доведува до алергиски реакции како астма, конјунктивитис, ринитис и дерматитис. Тука е и поленот, алерген што обично се наоѓа на отворено и може да влезе во затворени простории, особено во пролетните месеци, кога појавата на алергии на полен е почеста.
Физичките фактори, како што се електромагнетните полиња (ЕМФ) и бучавата, исто така, можат да влијаат врз квалитетот на воздухот во затворените простории. Електромагнетните полиња се создаваат од системите за радио, ТВ и мобилни телефони, од системите за пренос и трансформација на енергија, индустриски погони за преработка и, воопшто, од секој уред што мора да се напојува со електрична енергија, како што се апаратите за домаќинство. Од друга страна, бучавата вклучува широк опсег звуци коишто можат да бидат непријатни, особено ако се прегласни.
Подобрување на квалитетот на воздухот што го дишеме во затворени простори и намалување на концентрацијата на загадувачи, без разлика дали доаѓаат однадвор или однатре. Затоа е важно да се овозможи соодветна вентилација на воздухот. Меѓутоа, во овој случај, природната вентилација постигната со отворање на прозорците често не е доволно ефикасна.
Всушност, освен ако не е соодветно филтриран, воздухот што влегува од соседните простории овозможува продор на честички коишто би можеле да бидат штетни за здравјето, што доведува до зголемување на нивото на загаденост во затворените простории. Покрај тоа, со отворањето на прозорците во зима топлината излегува надвор, со што се губат значителни количества енергија и пари.
Затоа, контролираната механичка вентилација е идеално решение за одржување на постојана циркулација на воздухот во домот и воопшто, во густо населените згради од сите типови. Како што веќе споменавме, оваа специфична технологија подразбира употреба на уреди коишто вообичаено се поставуваат во спуштен таван, заедно со систем на одводни канали, кои од една страна го насочуваат издувниот воздух надвор, а од друга страна овозможуваат влез на чист и правилно филтриран воздух во просторијата.
Со повеќе од 30 години искуство во развојот и во дизајнирањето решенија за климатизација, Clivet нуди широк спектар системи за контролирана механичка вентилација, дизајнирани за потребите на секоја средина. Системите за обновување и за прочистување на воздухот Clivet, кои се инсталираат лесно и овозможуваат одлична ефикасност, имаат активен термодинамички систем за обновување што овозможува греење и ладење на воздухот во сезоната, и електронски филтри што спречуваат навлегување на честичките присутни во водухот со електростатско поле.
Секое контролирано механичко вентилациско решение може да се инсталира заедно со кој било систем за греење и климатизација, вклучувајќи топлински пумпи, котли и сплит-системи.
Ладење A+++ / Греење A++
Снага: 2,7 – 7 kW
Дизајниран за животната средина и иднината
Користи R290, природен работен медиум за оптимална удобност и ускладеност со европските прописи
Функција за самочистење
Wi-Fi
Ладење A+++ / Греење A++
Снага: 2.7 – 3.5 kW
Зошто да изберете Cristallo 2?
Подобрени компоненти
Дизајн инспириран од Доломитите
Повеќенасочен проток на воздух
Функција за самочистење
WiFi / Паметна контрола преку апликација или гласовна контрола со помош на Amazon Alexa или Google Assistant
Ладење A++ / Греење A+
Снага: 2,7 – 7 kW
Функција "Следи ме"
Повеќенасочен проток на воздух
Функција за самочистење
Опционално Wi-Fi управување
Ладење A++/Греење A+
Моќност: 2,7 – 7 kW
Функција „Следи ме“
Функција на самостојно чистење
Опционално управување со Wi-Fi
Ладење A++/Греење A+
Моќност: 2,7 – 7 kW
Чист, заоблен и елегантен дизајн
Повеќенасочно струење на воздухот
Функција на самостојно чистење
WiFi/Паметна контрола преку апликација или гласовна контрола со помош на Amazon Alexa или Google Assistant
Ладење A+++/Греење A++
Моќност: 2,7 – 3,5 kW
Исклучително широка дистрибуција на воздухот благодарение на моторизираната ротација на ламелите за 180°
„Каскадна функција“ за брзо ладење на просторијата
Функција „Breeze away“, која ви овозможува да го насочите протокот на воздух за време на загревање или ладење, според ваш избор
Филтер за прочистување: активен против мириси, прашина, полен, спори, бактерии
WiFi/Паметна контрола преку апликација или гласовна контрола со помош на Amazon Alexa или Google Assistant
Ладење A+++/Греење A+++
Моќност: 2,7 – 3,5 kW
Многу високо ниво на енергетска ефикасност
Екстремно продолжен работен опсег на надворешни температури од –30 до +50 °C
Управување со степенот на влажност
Удобност во секоја ситуација благодарение на интелигентниот сензор „Eye“
WiFi/Паметна контрола преку апликација или гласовна контрола со помош на Amazon Alexa или Google Assistant