
Многу луѓе размислуваат за менување на системот за греење во својата куќа или стан. Овде се содржани сите информации што треба да ги знаете за хибридните системи.
Предностите на топлинските пумпи во однос на заштедата на енергија се извонредни, иако постојат ситуации во кои се можни ограничувања. За да се постигнат оптимални резултати, може да биде потребно комбинирање на топлинска пумпа со бојлер.
Вистинското решение лежи во хибридниот систем што ја спојува топлинската пумпа со кондензациски бојлер и така овозможува оптимално греење.
Топлинските пумпи користат бесплатна обновлива енергија од околината за производство на топла вода и за климатизација на сите видови објекти.
Технологијата на топлинската пумпа користи компресор, кондензатор, експанзиски вентил и испарувач за да ја пренесе топлината. За време на тој процес, топлинското средство апсорбира енергија од околината, зголемувајќи ги температурата и притисокот.
Кондензаторот го враќа гасот во течна состојба и ја пренесува топлината во системот за греење или за топла вода. Топлинските пумпи користат обновлива енергија, намалувајќи ја потребата за фосилни горива, но и понатаму користат електрична енергија.
Кондензацискиот бојлер е енергетски ефикасен систем за греење и за производство на топла вода за потрошувачка што ги намалува емисиите и трошоците. Предноста од користењето на овој уред е приспособувањето на излезната моќност според потребите, како и ефикасно искористување на енергијата од испусните гасови.
Уште една предност на овој систем е можноста за модулирање на излезната моќност на системот во согласност со конкретните потреби на секој индивидуален објект и променливите надворешни температури не влијаат врз неговата работа, како што влијаат кај топлинските пумпи.
Видовме како работи топлинската пумпа и што е кондензациски бојлер. Но, дали знаете дека овие два извонредни уреди можат да се спојат за да се постигне идеално греење во домот?
Запознајте го хибридниот систем – иновативно решение коешто ги комбинира најдобрите својства на топлинската пумпа и на кондензациските бојлери, за да можете да уживате во оптималната ефикасност и во максималната удобност секојдневно.
Хибридниот систем ја користи силата на топлинската пумпа, овозможувајќи дури 80 насто од потребната топлина во домот. Тоа значи дека поголем дел од оптоварувањето на годишно ниво може да биде покриено со бесплатна обновлива енергија, а тоа значи заштеда на пари и ресурси. Останатата работа ја презема кондензацискиот бојлер, со што се гарантира дека никогаш нема да почувствувате недостиг од топлина.
Ако размислувате за реновирање во домот, хибридниот систем е најдобриот сојузник. Ова интелигентно решение лесно се комбинира со конвенционалните радијатори, што претставува идеален избор за реновирање.
Временските услови нека ви бидат сојузник. Кога надворешната температура е пријатна, топлинската пумпа сама го исклучува бојлерот и ја намалува потрошувачката на фосилни горива. Но, хибридниот систем автоматски се приспособува кога заладува, обезбедувајќи ви ја потребната топлина и топла вода.
Хибридните системи од Clivet претставуваат совршена комбинација од технологија и удобност. Најдобрите топлински пумпи на пазарот се комбинираат со високоефикасни кондензациски бојлери, притоа овозможувајќи оптимално греење, а и многу повеќе. Инсталирањето е едноставно – можете да изберете меѓу монтажа на ѕид, монтажа на под или верзија без куќиште. Без разлика на потребите, Clivet има решение за сите.
Хибридниот систем SPHERA EVO 2.0 EASYHybrid комбинира ѕидна топлинска пумпа воздух – вода со кондензациски бојлер. Резултатот е добитна комбинација којашто овозможува топла вода и греење со минимални трошоци. Овој систем, кој е воедно и добитник на наградата KLIMAHOUSE, се приспособува на вашите потреби.
Дознајте повеќе за нашите иновативни решенија и уште денес започнете го своето патување кон подобро греење!
Ладење A+++ / Греење A++
Снага: 2,7 – 7 kW
Дизајниран за животната средина и иднината
Користи R290, природен работен медиум за оптимална удобност и ускладеност со европските прописи
Функција за самочистење
Wi-Fi
Ладење A+++ / Греење A++
Снага: 2.7 – 3.5 kW
Зошто да изберете Cristallo 2?
Подобрени компоненти
Дизајн инспириран од Доломитите
Повеќенасочен проток на воздух
Функција за самочистење
WiFi / Паметна контрола преку апликација или гласовна контрола со помош на Amazon Alexa или Google Assistant
Ладење A++ / Греење A+
Снага: 2,7 – 7 kW
Функција "Следи ме"
Повеќенасочен проток на воздух
Функција за самочистење
Опционално Wi-Fi управување
Ладење A++/Греење A+
Моќност: 2,7 – 7 kW
Функција „Следи ме“
Функција на самостојно чистење
Опционално управување со Wi-Fi
Ладење A++/Греење A+
Моќност: 2,7 – 7 kW
Чист, заоблен и елегантен дизајн
Повеќенасочно струење на воздухот
Функција на самостојно чистење
WiFi/Паметна контрола преку апликација или гласовна контрола со помош на Amazon Alexa или Google Assistant
Ладење A+++/Греење A++
Моќност: 2,7 – 3,5 kW
Исклучително широка дистрибуција на воздухот благодарение на моторизираната ротација на ламелите за 180°
„Каскадна функција“ за брзо ладење на просторијата
Функција „Breeze away“, која ви овозможува да го насочите протокот на воздух за време на загревање или ладење, според ваш избор
Филтер за прочистување: активен против мириси, прашина, полен, спори, бактерии
WiFi/Паметна контрола преку апликација или гласовна контрола со помош на Amazon Alexa или Google Assistant
Ладење A+++/Греење A+++
Моќност: 2,7 – 3,5 kW
Многу високо ниво на енергетска ефикасност
Екстремно продолжен работен опсег на надворешни температури од –30 до +50 °C
Управување со степенот на влажност
Удобност во секоја ситуација благодарение на интелигентниот сензор „Eye“
WiFi/Паметна контрола преку апликација или гласовна контрола со помош на Amazon Alexa или Google Assistant