
Системите за подно греење, заедно со топлинска пумпа и фотонапонски систем, можат да обезбедат највисоко ниво на заштеда. Но дали тие се компатибилни?
Системите за подно греење претставуваат една од радикалните промени во начинот на загревање на домаќинствата, кои ги заменија класичните радијатори во изминативе децении.
Тешко е да се издвојат какви било негативни аспекти на овие системи, освен можеби повисоките трошоци за инсталација и посложеното одржување. Но, позитивните страни се многубројни, како што се намалени трошоци за енергија и подобрена удобност за живеење.
Во текстот подолу е прикажано зошто работата на системите за подно греење целосно се разликува од работата на традиционалните радијатори:
Традиционалните системи за греење користат конвекција. Откако водата што циркулира внатре во радијаторот ќе се загрее, обично на температура меѓу 60 °C и 80 °C, радијаторите ја пренесуваат топлината на воздухот што ги опкружува, а потоа топлината се шири низ просторијата.
Сепак, овој метод има бројни недостатоци: загреаниот воздух станува сув, прашината се распространува повеќе и, што е најважно, се троши големо количество енергија за загревање на водата, што ги прави традиционалните системи за греење прилично неповолни за семејниот буџет и за животната средина.
Начинот на работа на системот за подно греење се базира врз принципот на зрачење. За време на инсталацијата, цевките се поставуваат под подот и минуваат низ различни простории, овозможувајќи водата да циркулира на температура меѓу 30 °C и 35 °C. Работењето на пониска температура (во споредба со традиционалните системи) овозможува пониски трошоци за енергија за истиот ефект на греење.
Топлината генерирана од цевките се пренесува на подот, што обезбедува рамномерен пренос на топлина од долу кон горе во просторијата.
Не само што е можна, туку е и препорачлива! Имено, топлинските пумпи претставуваат една од најиновативните технологии достапни на пазарот, благодарение на можноста за користење надворешни обновливи извори на енергија (воздух, подземна вода или почва) за загревање на станбени простори и за производство на топла вода за домаќинствата.
Тие се еколошки затоа што, за разлика од кондензациските бојлери, не користат фосилни горива и овозможуваат значителни економски предности. Но, својствата на системот за подно греење ја прават интеграцијата беспрекорна.
Имено, топлинските пумпи мора да работат во определен температурен опсег за да се постигне најголема ефикасност, што го исклучува нивното комбинирање со класичните радијатори. Покрај користењето со системот за подно греење, што останува најдобро решение, топлинските пумпи можат да се комбинираат и со вентилоконвектори. Сепак, за вторите е потребна температура од приближно 45 °C до 50 °C, што ја намалува вкупната ефикасност на системот.
Освен моделот воздух – воздух, кој ги загрева и ги лади просториите преку пренос на топлинска енергија меѓу надворешниот воздух и воздухот внатре во просторијата, другите видови топлински пумпи се погодни за комбинација со системот за подно греење.
Најчесто користен тип топлинска пумпа е моделот на топлинска пумпа воздух – вода, кој ја користи топлината на воздухот за да ја пренесе енергијата во водата во системот. Овој тип овозможува не само греење и ладење на просториите, туку и производство на топла вода за домаќинство.
Најголемата предност на овој систем е неговата флексибилност, бидејќи овозможува интеграција со други системи, како што се соларните термални системи и кондензациските бојлери, со што се создава хибриден систем.
Кај топлинските пумпи вода – вода, топлината се црпи од подземните води, додека кај геотермалните пумпи изворот на енергија е во земјата. Овие два модела, во споредба со моделите на принцип воздух – вода, обезбедуваат висока ефикасност во текот на целата година, без оглед на сезоната.
При изборот на најсоодветната топлинска пумпа за станбени или за деловни простории, треба да земете предвид различни фактори. Пред сè, треба да размислите за потребата од енергија потребна за функционирање на подниот систем и за да се овозможи оптимално греење во текот на зимските месеци, со можност и за ладење во лето.
Покрај тоа што овозможува високо ниво на топлина во текот на зимата, системот за подно греење, исто така, е интересно решение за ладење за време на летниот период. Начинот на работа е претежно сличен: изладената вода со температура меѓу 15 °C и 18 °C тече низ хидрауличните кругови на системот, при што подот се лади.
Во овој случај, потребни се реверзибилни топлински пумпи што можат да ја земат топлината од просторијата и да ја испуштат надвор. Резултатот е совршена удобност во просторот дури и во лето, што значи дека можете да го избегнете користењето на клима-уредот, а тоа доведува до значително намалување на потрошувачката на енергија.
Се препорачува да се користи одвлажнувач на воздух за да се задржи влажноста меѓу 50 и 60 насто.
Топлинските пумпи користат обновливи извори за да ја произведат потребната топлинска енергија за греење на просторот користејќи подно греење, но сите тие се уреди за кои е потребна електрична енергија.
За да се направи системот поефикасен и за да се зголеми заштедата на енергија, комбинацијата со фотонапонски систем е одлично решение. Луѓето често поставуваат фотонапонски панели на покривите за да генерираат бесплатна електрична енергија за потребите на домаќинството, со што се намалуваат, па дури и се елиминираат трошоците за електрична енергија (ако е инсталиран батериски систем).
Сепак, не се сите свесни за фактот дека интеграцијата на фотонапонските панели со топлинска пумпа овозможува дополнителна значителна заштеда за греењето, но и за производство на топла вода.
Дали вашата куќа не троши многу енергија? Решението предложено од Clivet е топлинска пумпа од типот сплит-топлински пумпи Sphera EVO 2.0, која е со широк опсег на моќност (од 4 до 16 kW) и вклучува резервоар за складирање топла вода од 190 до 250 литри, со функција за заштита од легионела. Исто така, овој модел се издвојува со својот напреден дизајн, кој одлично се вклопува во внатрешноста и е совршено комбиниран со системите за површинско греење на подот, ѕидот или таванот.
Ако вашата побарувачка надминува 16 kW, подобро изберете ја надворешната моноблок топлинска пумпа Edge EVO 2.0 EXC, која овозможува извонредна ефикасност дури и при ниски температури и може да произведе топла вода за домаќинство на температура од 60 °C. Оваа топлинска пумпа на принципот воздух – вода, создадена од Clivet, е достапна во опсег на моќност од 4 до 30 kW, со можност за поврзување до 6 единици во каскадната конфигурација за да се постигне моќност од 180 kW.
Ладење A+++ / Греење A++
Снага: 2,7 – 7 kW
Дизајниран за животната средина и иднината
Користи R290, природен работен медиум за оптимална удобност и ускладеност со европските прописи
Функција за самочистење
Wi-Fi
Ладење A+++ / Греење A++
Снага: 2.7 – 3.5 kW
Зошто да изберете Cristallo 2?
Подобрени компоненти
Дизајн инспириран од Доломитите
Повеќенасочен проток на воздух
Функција за самочистење
WiFi / Паметна контрола преку апликација или гласовна контрола со помош на Amazon Alexa или Google Assistant
Ладење A++ / Греење A+
Снага: 2,7 – 7 kW
Функција "Следи ме"
Повеќенасочен проток на воздух
Функција за самочистење
Опционално Wi-Fi управување
Ладење A++/Греење A+
Моќност: 2,7 – 7 kW
Функција „Следи ме“
Функција на самостојно чистење
Опционално управување со Wi-Fi
Ладење A++/Греење A+
Моќност: 2,7 – 7 kW
Чист, заоблен и елегантен дизајн
Повеќенасочно струење на воздухот
Функција на самостојно чистење
WiFi/Паметна контрола преку апликација или гласовна контрола со помош на Amazon Alexa или Google Assistant
Ладење A+++/Греење A++
Моќност: 2,7 – 3,5 kW
Исклучително широка дистрибуција на воздухот благодарение на моторизираната ротација на ламелите за 180°
„Каскадна функција“ за брзо ладење на просторијата
Функција „Breeze away“, која ви овозможува да го насочите протокот на воздух за време на загревање или ладење, според ваш избор
Филтер за прочистување: активен против мириси, прашина, полен, спори, бактерии
WiFi/Паметна контрола преку апликација или гласовна контрола со помош на Amazon Alexa или Google Assistant
Ладење A+++/Греење A+++
Моќност: 2,7 – 3,5 kW
Многу високо ниво на енергетска ефикасност
Екстремно продолжен работен опсег на надворешни температури од –30 до +50 °C
Управување со степенот на влажност
Удобност во секоја ситуација благодарение на интелигентниот сензор „Eye“
WiFi/Паметна контрола преку апликација или гласовна контрола со помош на Amazon Alexa или Google Assistant