Ние го поминуваме поголемиот дел од животот меѓу ѕидовите на нашите домови. Затоа чистиот воздух, оптималната температура и паметните апликации за управување со просторот навистина можат да го подобрат квалитетот на живеење.
Терминот удобност за живеење стана широко познат и означува благосостојба што можеме да ја постигнеме во одредена средина. Оваа состојба зависи од различни фактори, како што се температурата, влажноста, квалитетот на воздухот и бучавата. Според неодамнешните истражувања, дури 55 проценти од времето го поминуваме дома, па имајќи го тоа предвид, удобноста на живеењето станува уште поважна.
Удобноста во домувањето има огромно влијание врз здравјето и може да ги намали трошоците за здравствена заштита. Исто така, еколошкиот аспект игра голема улога бидејќи енергетската ефикасност е клучна за постигнување благосостојба. Само размислете за ресурсите потребни за загревање на куќата во зима, ладење во лето, топлење вода и одржување соодветна вентилација на воздухот. Во контекст кога трошоците за енергија сочинуваат значителен дел од буџетот на домаќинството, употребата на решенија за климатизација коишто користат обновливи извори на енергија станува неопходна. Не само заради грижата за животната средина и намалувањето на штетните емисии, туку и заради намалување на износите на сметките.
Smart Living е интегриран систем за управување со удобноста и енергијата – дизајниран од Clivet за примена во домаќинствата. Овој систем ги вклучува следниве компоненти:
Повеќе од 30 години, Clivet работи на подобрување на удобноста за живеење, како за тие што купуваат нови имоти, така и за тие што планираат да го реновираат својот дом. Clivet нуди широка палета производи за греење, ладење, прочистување на воздухот, топлење вода и интегрирање соларни панели.
Со воведувањето на системот Smart Living, Clivet прави чекор напред во иновациите за да ги направи решенијата уште поефикасни, поврзани и полесни за следење. Според компанијата Clivet, домот станува паметен само ако може да обезбеди најдобра удобност за живеење со минимални трошоци или без трошоци за енергија. Но, како да се постигне енергетска независност дома? Едноставно. Со интегрирање топлински пумпи, со системот за складирање Clivet Sinergy и со паметниот помошник Control4 NRG.
Топлинската пумпа претставува еколошка алтернатива на традиционалниот бојлер бидејќи во најголема мера користи енергија од надворешниот воздух, од подземната вода или од геотермалната енергија. Меѓутоа, топлинската пумпа не само што ја загрева куќата во текот на зимата, туку може и да ја разлади во текот на летните месеци, а со тоа често ја заменува потребата од клима-уред.
Компанијата Clivet нуди широк избор на топлински пумпи коишто овозможуваат максимална заштеда на енергија, достапни се во различни конфигурации (сплит или моноблок, вградени или видливи итн.) и користат еколошко средство за ладење R-32. Особено вреди да се истакне иновацијата на хибридните модели, како што е топлинската пумпа Sphera EVO 2.0 EASYHybrid, која ја освои наградата Klimahouse во категоријата Market Performance за одржливост и економичност при замена на класичен бојлер.
Sphera EVO 2.0 е сплит-топлинска пумпа што работи на принципот воздух – вода, е достапна во различни опсези и конфигурации на моќност, и е совршено комбинирана со различни системи за греење. Дополнително, има и технологија со CD Inverter и може да се комбинира со резервоари за топла вода до 250 литри.

Квалитетот на воздухот во домот е од суштинско значење за здравјето и удобноста. Дишењето свеж воздух е исклучително важно бидејќи помага да се спречат алергии и проблеми со респираторниот систем. Дури и некои студии покажаа дека изложеноста на микрочестички во воздухот може да го зголеми ризикот од сериозни болести како рак и дијабетес.
За да се уверите дека воздухот во домот е секогаш свеж и чист, Clivet нуди контролиран механички систем за вентилација наречен ELFOFresh EVO. Овој систем е идеален за вградување во спуштен таван, а неговата компактна големина (со висина од само 29 cm) овозможува лесно интегрирање. ELFOFresh EVO користи иновативен термодинамички систем за враќање на топлината, којшто овозможува ефикасно обновување на воздухот.
Освен тоа, може дополнително да изберете високоефикасен електростатски филтер за длабоко прочистување на воздухот. Овој систем може да испорачува воздух во опсег од 125 до 500 m3/h, што го прави погоден за обновување на воздухот во домови до 300 квадратни метри. Не случајно токму овој производ ја доби наградата за домашен производ за вентилација за 2022 година на доделувањето на наградите Energy Saving Awards (UK) – Domestic Ventilation Product of the Year 2022.
Технолошкиот напредок и дигитализацијата овозможија максимално искористување на енергијата во домот, овозможувајќи целосна енергетска независност. Модуларниот систем за складирање енергија со инверторот Sinergy може да складира електрична енергија произведена од фотонапонски панели во текот на денот и да ја користи за напојување на клима-уредите и на системите за производство на топла вода во вечерните часови.
Паметниот помошник CONTROL4 NRG овозможува ефикасно управување со интеграцијата меѓу батериите Sinergy и топлинските пумпи, обезбедувајќи ја потребната енергија само таму каде што е потребна, врз основа на потребите на сите станари.
За да го комплетирате паметниот систем, Clivet нуди и вградени хронотермостати за Wi-Fi со екран на допир, дизајнирани да ги оптимизираат системите опремени со топлински пумпи Sphera EVO. Овие термостати се достапни во две бои и може да се контролираат од далечина преку апликацијата Clivet Home Connect, достапна на Google Play и на App Store, или преку популарни гласовни асистенти како што е Alexa.
Ладење A+++ / Греење A++
Снага: 2,7 – 7 kW
Дизајниран за животната средина и иднината
Користи R290, природен работен медиум за оптимална удобност и ускладеност со европските прописи
Функција за самочистење
Wi-Fi
Ладење A+++ / Греење A++
Снага: 2.7 – 3.5 kW
Зошто да изберете Cristallo 2?
Подобрени компоненти
Дизајн инспириран од Доломитите
Повеќенасочен проток на воздух
Функција за самочистење
WiFi / Паметна контрола преку апликација или гласовна контрола со помош на Amazon Alexa или Google Assistant
Ладење A++ / Греење A+
Снага: 2,7 – 7 kW
Функција "Следи ме"
Повеќенасочен проток на воздух
Функција за самочистење
Опционално Wi-Fi управување
Ладење A++/Греење A+
Моќност: 2,7 – 7 kW
Функција „Следи ме“
Функција на самостојно чистење
Опционално управување со Wi-Fi
Ладење A++/Греење A+
Моќност: 2,7 – 7 kW
Чист, заоблен и елегантен дизајн
Повеќенасочно струење на воздухот
Функција на самостојно чистење
WiFi/Паметна контрола преку апликација или гласовна контрола со помош на Amazon Alexa или Google Assistant
Ладење A+++/Греење A++
Моќност: 2,7 – 3,5 kW
Исклучително широка дистрибуција на воздухот благодарение на моторизираната ротација на ламелите за 180°
„Каскадна функција“ за брзо ладење на просторијата
Функција „Breeze away“, која ви овозможува да го насочите протокот на воздух за време на загревање или ладење, според ваш избор
Филтер за прочистување: активен против мириси, прашина, полен, спори, бактерии
WiFi/Паметна контрола преку апликација или гласовна контрола со помош на Amazon Alexa или Google Assistant
Ладење A+++/Греење A+++
Моќност: 2,7 – 3,5 kW
Многу високо ниво на енергетска ефикасност
Екстремно продолжен работен опсег на надворешни температури од –30 до +50 °C
Управување со степенот на влажност
Удобност во секоја ситуација благодарение на интелигентниот сензор „Eye“
WiFi/Паметна контрола преку апликација или гласовна контрола со помош на Amazon Alexa или Google Assistant